Ракометниот клуб Вардар ќе одржи стандардна прес – конференција пред натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите помеѓу екипите на Вардар и Монпелје (Франција). Истата е закажана за утре, четврток (28.02.2019) во прес конференциската сала во СЦ “Јане Сандански” со почеток во 12-00 часот.
На прес – конференцијата ќе бидата присутни тренерот Роберто Парондо и играчот Тимур Дибиров. Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје е закажан за во сабота (02.03.2019) во 17:30 часот во СЦ “Јане Сандански”.