Вардар Јуниор го претрпе и третиот пораз во рамките на најсилната супер лига. Избраниците на Стојан Петрушевски немаа сили да се надигруваат со повозрасниот и поискусен тим на Пролет 62, кој на крајот не совлада со резултат 20:33
Вардарци први го отворија резултатот, за во следните минути да гледаме игра гол за гол на двете страни. За прв пат екипата на Пролет се одлепи на два гола разлика (4:6), но брзо вратија Вардарци за ново израмнување (6:6). Од тие моменти како да започна да “тоне“ бродот на нашиот состав, кој му дозволи на противникот да постигне пет последователни голови и да поведе со највисоки 6:11. Избраниците на Петрушевски не успеаа да се вратат во игра до првото полувреме, при резултат 10:15, следи нова серија од 0:3 на Пролет, за на полувреме гостинскиот тим да има високо водство од 10:18.
Победникот беше решен на стартот од вториот дел кога продолжи серијата на Пролет, за веќе двоцифрени 10:21 разлика. Најмногу што успеа да стори во второто полувреме, екипата на Вардар Јуниор е да намали на 15:22, по што Пролет со серија од 0:6 зголеми на високи 15:28. Имаа и највисоки 15 голови позитива (16:31), за на крај конечниот резултат да гласи 20:33.
РК Вардар Јуниор: Н. Кизиќ, Димов 2, Чакалиќ 4, Крстевски 2, Мишевски 4, Димитров, М.Кизиќ, Атанасовски, Трпчевски 1, Николовски 1, Димитровски 2, Гашоски, Кукуловски, Стојменов 1, Атанасовски 1, Цветаноски.