Новата седма сезона на СЕХА-лигата ќе започне на 30-ти август со натпреварите од првото коло. Актуелен освојувач на ова натпреварување е екипата на Вардар, која успеа да го освои завршниот турнир кој се играше во Брест, со триумфот во големото финале против екипата на Веспрем. Лигата ќе брои десет екипи, а дебитант е екипата на Динамо Панчево од Србија. Војводина исто така се враќа во СЕХА-лигата, додека од минатата сезона ги нема Борац и Извиѓач од Босна.
Погледнете го промотивното видео за новата сезона на СЕХА-лигата.