Ракометните клубови ги добија потребните протоколи за работа во сала, од министерството за здравство, како препораки за заштита од пандемијата со корона вирусот.
За почеток ќе се тренира во помали групи, додека протоколот е поделен во три фази, кои треба да се практикуваат.
Тренинзите и натпреварите ќе бидат без присуство на публика, а најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, сите играчи ќе бидат тестирани за Ковид-19. Вардарци од саботата тренираат на отворено, а во наредниве денови се очекува полека да го продолжат тренажниот процес и во С.Ц. Јане Сандански според пропишаниот протокол.
Комплетниот протокол можете да го прочитате на линкот, ТУКА.