Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Започнува борбата за титулата, денес во Автокоманда ќе се судрат Металург и Вардар

Започнува борбата за титулата, денес во Автокоманда ќе се судрат Металург и Вардар

Утре во спортската сала во населбата Автокоманда ќе се одигра првиот од двата натпревари кои ќе го дадат новиот ракометен шампион на Македонија. Плеј-офот во најсилната супер лига започнува со дербито помеѓу екипите на Металург и Вардар. Црвено-црните ја бранат двојната круна од минатата сезона, кога го освоија домашното првенство и куп, додека Металург последен пат беше шампион на Македонија во сезоната 2013/14. Оваа сезона Вардарци ќе аткуваат на единаесеттата титула во супер-лигата, со која ќе си ја збогатат колекцијата на освоени трофеи. Минатата сезона, екипата на Вардар ја потврди десеттата титула, токму во истата сала каде ќе се одигра и денешниот натпревар. Избраниците на Раул Гонзалес по втор пат со резултат 21:24 го победија градскиот ривал и прославија нов терен токму на теренот на Металург.

Екипата од Автокоманда знае да биде многу незгоден противник и доста мотивиран на натпреварите со екипата на Вардар. Црвено-црните се големи фаворити, кои треба уште на овој прв натпревар да забележат победа и да си ја олеснат задачата до крајот од сезоната.