Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар против Рајн-Некар, го отвара турнирот во Гумерсбах, што ќе биде и прв контролен меч за црвено-црните во новата сезона
Вардар против Рајн-Некар, го отвара турнирот во Гумерсбах, што ќе биде и прв контролен меч за црвено-црните во новата сезона

Вардар против Рајн-Некар, го отвара турнирот во Гумерсбах, што ќе биде и прв контролен меч за црвено-црните во новата сезона

Европскиот ракометен шампион, екипата на РК Вардар моментално се наоѓа на заслужен одмор, по напорната сезона која ја имаа, во која освоија дури четири трофеи. Подготовките за новата сезона ќе започнат на 27-ми јули и тоа во С.Ц. Јане Сандански, каде црвено-црните ќе тренираат неколкуд дена, по што ќе заминат на подготовки во Крањска Гора. Првиот натпревар кој треба да го одигра Вардар, ќе биде оној на турнирот во Германија, организиран од тимот на Гумерсбах. На него учество, покрај домаќинот и Вардар, ќе земат уште и актуелниот шампион на бундес-лигата, Рајн-Некар и Фленсбург.

Тунирот ќе трае два дена и тоа на 12-ти август, кога истиот ќе го отворат екипите на Гумерсбах и Фленсбург (14:00), за од 17 часот силите да ги одмерат екипите на Вардар и Рајн-Некар. Победниците од овие натпревари, веќе следниот ден ќе играат во големото финале на турнирот. Ова ќе биде прва посериозна подготовка и темпирање на формата за Вардарци, пред настапот на “Супер Глоуб“ во Доха каде Вардар ќе се обиде да стигне до светската титула, единствена која недостасува во витрините на клубот.