Денес стартуваше четвртото издание на ракометниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“ за генерацијата родени 2006/07 година. Во машкиот дел екипите се поделени само во две групи, составени од по пет екипи.
На првиот одигран натпревар утрово на Кале, во рамките на групата А се сретнаа екипите на Балтепе и Урдаревски. Стартна победа за тимот на Урдаревски, кој славеше со резултат од 6:18. Откако екипата на Балтепе го постигна првиот гол и намали на 1:2, следеше серија на Урдаревски од три последователни голови, за зголемување на водството на 1:5. Ова разлика се одржуваше до последните пет минути кога резултатот на семафорот беше 3:8, за да крајот на првиот дел да има нова серија на Урдаревски од 0:5 и на одмор да се замине со двоцифрена предност од 3:13 за тимот на Урдаревски.
Малку голови гледавме во второто полувреме, но Урдаревски имаше контрола на резултатот и немаше проблеми да ја оствари првата победа. На крајот конечен резултат од 6:18.
На вториот натпревар од истава група, победа забележа екипата на РК Будимир која славеше во дуелот со тимот на Драчево. Резултатот на овој натпревар гласеше 7:16. До средината на првото полувреме се игрше гол за гол, кога реултатот беше израмнет на 3:3, по што до истекот на првите 12 минути, Будимир постигнува шест голови во серија и на одмор се замина со предност од 3:9.
Продолжи серијата и во второто полувреме, кога Будимир зголеми на 3:11, за екипата на Драчево да го намали резултатот на 6:12. Рутинско второ полувреме за екипата на Будимир, која слави прва прва победа на турнирот.
Прв натпревар и во рамките на групата Б, помеѓу екипите на Ѓорче Петров и ГРК Гостивар. Тука резултатска неизвесност имаше само во првите 12 минути, кога реултатот на семафорот гласеше 7:6. На стартот на вториот дел екипата на Гостивар го израмни резултатот, но тоа беше се што успеа да стори Гостивар на овој меч. До крајот на дуелот, Гостивар постигна само еден гол, додека Ѓорче Петров дури 11 погодоци, за на крајот д слави победа со резултат од 18:8.
Во дербито на групата Б се сретнаа екипите на Преспа од Ресен и Бисинов од Велес. Оправдано мечот го доби епитетот дерби, кој заврши со поделба на бодовите. Во текот на сите 24 минути ниту една од екипите не направи поголема предност од еден гол. Се менуваа во водство и двата тима, а на полувреме Бисинов имаше минимално водство од 3:4.
Во последните две минути од вториот дел, Бисинов влезе со водство од 7:8, но Преспа успеа да го израмни резултатот. Двете екипи имаа по еден напад за победа, но не успеаа да го искористат и на крајот најреално резултатот заврши нерешено (8:8).