Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прво коло на ЕП за играчите на Вардар, кои настапуваат за своите репрезентации
Прво коло на ЕП за играчите на Вардар, кои настапуваат за своите репрезентации

Прво коло на ЕП за играчите на Вардар, кои настапуваат за своите репрезентации

Правиме преглед на играчите на Вардар, кои настапија за своите репрезентации во првото коло на Европското ракометно првенство во Полска. Активни беа шест Вардарови ракометари.

Марсениќ и Абутовиќ со репрезентацијата на Србија, во една неизвесна завршница беа поразени од домаќинот Полска. Резултатот гласеше 29:28, иако Србите во псоледните секунди не успеаа да реализираат удар од седум метри, односно Словомир Шмал го скроти ударот на Иван Никчевиќ. По првото полувреме резултатот гласеше 13:15 во корист на Србија. Полска во периодот од 34-39 минута успеаа да направи серија од 5:0 и да го преземе водството, кое го задржа до крајот на дуелот. Марсениќ беше стрелец на еден гол, додека Абутовиќ кој главно играше во одбраната, не успеаа да се запише во листата на стрелци.

Македонија и Франција одиграа исто така одличен натпревар, каде во последните десет минути Французите го скршија нашиот оптор (30:23). Нашата селекција покажа “заби“ и беше рамноправен противник, во најголем дел од натпреварот. На моменти имавме и предност. Во моментите кога резултатот беше израмнет на 20:20, Франција успеаа да направи серија од 6:2 и да го реши победникот. Иако бевме поразени, сепак ниту во еден момент не разочаравме со својата игра. Оставивме срце на терен, можеби ни фалеша малку среќа, во моментите кога можевме да поведеме, а Омејер ги бранеше нашите удари. Најефикасен во нашиот состав беше Лазаров со 9 голови, додека Манасков беше стрелец на 5 погодоци. Стојанче Стоилов постигна 1 гол.

Хрватска успешно стартуваше на ова Европско првенство со победа против репрезентацијата на Белорусија. Хрватите го скршија отпорот на Белорусија во вториот дел, откако по првите 30 минути резултатот беше израмнет (15:15). За најдобар играч во епрезентацијата на хрватска беше прогласен Игор Карачиќ, кој иако постигна само еден погодок, имаше многу успешни асистенции до своите соиграчи и беше главен организатор на играта во својата селекција. Лука Циндриќ не настапи на овој воведен натпревар.