Денес рано наутро црвено – црната експедиција замина од скопскиот аеродромот “Александар Велики“ за Данска. Нашите момци пристигнаа во Брондби каде ќе го одиграат неделниот дуел со данскиот преставник Колдинг во ЕХФ Лигата на шампионите.
Тренерот на вардарци на ова гостување и на следното во понеделник во Загреб кај тимот предводен од Веселин Вујовиќ ќе има на располагање само 15 ракометари. Поради повреди од претходно надвор од стројот се Столе Стоилов и Александар Деревен, а по вчерашната одлука на лекарскио тим на црвено – црните заради “вирус“ ќе фалат и Арпад Штербик, Алекс Душебаев и помошникот на Раул Гонзалез – Дејвид Дејвис. Сепак овие проблеми не ја менуваат улогата на фаворот на нашиот шампион во дуелот со “фенерџијата“ во Групата-Б . Дуелот во недела е со почеток во 16-50 минути и истиот ќе може да го следите на МТВ-1 низ директен пренос, како и дуелот следниот ден во понеделник со ППД Загреб во СЕХА регионалната лига тој дуел почнува во 17-30часот .