Главна вест вчера во ракометна Европа беше дека Раул Гонзалес, тренерот кој со Вардар се искачи на европскиот врв, од наредната сезона ќе биде предводник на финансиски најмоќниот клуб во светот, францускиот шампион Пари Сен Жермен екипа која ја совладавме во финалето од ЛШ. Тој ставиил својот потпис на тригодишниот договор со ПСЖ кој ќе започне да важи од 1 јули 2018 година. Раул Гонзалес по потпишувањето на одговорил дал изјава за „handnews.fr“.
.
Среќен сум што ќе му се приклучам на Париз во наредните сезони. Не можам нешто повеќе да кажам бидејќи ова е малку комликувано. Се уште сум вработен во Вардар до крајот на сезоната. Ќе имам можност повеќе да зборувам за моето доаѓање за неколку недели“, рекол 47-годишниот Шпанец, кој на клупата ќе го наследи две децении повозрасниот Нока Сердарушиќ на кого по завршувањето на сезоната му истекува договорот со ПСЖ. Чест ми е што Париз ми го довери овој проект за наредните сезони. Но ќе повторам имам голема почит кон тренерот и поради тоа ми е тешко што оваа тема излезе во јавноста. Ќе ги комбинирам двете функции. Имам договор со Ракометната федерација на Македонија до 2020 година и тој договор планирам да го испочитувам.