Раул жнее титули во земјава од четири за кој беше во конкуренција на домашна сцена овој шпански тренер успее да запише зад своето име три . Шефот на стручниот штаб годинава ја завршува со “дупла круна“ во земјава . Овој млад ракометен стручњак кој покажа дека и во меѓународните натпреварувања одлично го води Вардар во изјава за клубскиот сајт по заверувањето на домашната титула вели :
- Ние бевме шампиони уште пред натпреварот, така што ова го гледавме како уште еден нормален меч, иако имавме малку проблеми со повреди. За Металург беше многу тешко, затоа што играа за второ место, играа одлично, многу се бореа. Меѓутоа ние моравме да бидеме коректни до крај и да си одиграме професионално, за победа. Не сакавме да загубиме и одигравме, не можам да речам одличен, но коректен меч. Имавме многу притисок во текот на цела сезона, а кога Металург загуби во Струмица тогаш веќе и сигурно се знаеше дека ќе бидеме шампиони. Така што, полека сите размислуваат за обврските со репрезентациите, но едноставно сакавме да победиме за себе.
Денес Раул и момците во 17-00 часот го играат последниот меч за ова натпреварувачка сезона во земјава и тоа од 10то коло во плеј-офот од домашната лига против тимот на РК Радовиш.