Шампионот на Европа и на регионалната СЕХА лигата, РК Вардар по мечот в гости против германскиот шампион Рајн Некар Ловен во Лигата на шампионите, а денеска го очекува нов предизвик во регионалната лига. Тоа е гостувањето кај хрватскиот вицепвак, екипата Нексе во дуел од СЕХА лигата. Тренерот на црвено-црните за овој дуел изјави:
-По тешкиот натпревар во Германија, нашата цел е јасна – сакаме да го задржиме првото место во СЕХА лигата. Играме против добар тим, кој често игра седум на шест и мора да бидеме подготвени на таа варијанта. Немаме многу време да го подготвиме натпреварот, но верувам дека ќе ја продолжиме серијата на победи во регионалната лига- изјави тренерот на Вардар.
Војводиќ пак рече:
„Нексе игра добра игра „седум на шест“, но исто играат и други екипи во Лигата на шампионите и СЕХА, па така верувам дека ние сме доволно подготвени за нивниот стил. Играат добро на домашен терен, имаат одлична атмосфера и млад тим кој може да го изненади секого. Вардар секогаш е фаворит, но тоа мора да го покажеме на теренот затоа што никогаш не може да знаеш што те очекува. Секако дека го респектираме Нексе како екипа, никогаш не потценуваме ривали“, изјави Војводиќ.