Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Иван Димитровски: Резултатот е реален и е одраз на нашата добра игра во текот на целиот натпревар

Иван Димитровски: Резултатот е реален и е одраз на нашата добра игра во текот на целиот натпревар

Екипата на РК Вардар 2 продолжува со добрите игри во првата ракометна лига, забележувајќи ја вкупно 18 победа во лигата. Избранциите на Стојан Петрушевски на Кале за противник ја имаа екипата на Тесктилец, која убедливо ја совладаа со резулатат 29:16. Екипата од Штип беше вториот тим оваа сезона кој успеа да ни насе пораз и тоа на првиот меч одигран во есенскиот дел од сезоната. Овој пат црвено-црните не дозволија никакво изненадување и со добра игра во текот на сите 60 минути успеаа високо да го поразат Текстилец. Останува уште едно коло за одигрување, кое нема резултатско значење за Вардар, кој од поодамна обезбеди место во плејофот, против претпоследно пласираниот тим на супер лигата. ГРК Борец ќе биде последанта пречка за Вардарци, кон патот до најсилната супер лига. Играчот на РК Вардар 2, Иван Димитровски за нашиот сајт на кратко ги сподели очекувањата од мечот и остатокот од натпреварувачката сезона.

-Поразот од истиов противник во есенскиот дел од сезоната за нас преставуваше мотив повеќе да одиграме максимално и да победиме. Одигравме храбро и сметам дека резултатот е реален и е одраз на нашата добра игра во текот на целиот натпревар. Задоволен сум од постигнатите резултати и игри во сезоната која полека изминува. Штета што пропуштивме шанса со победа против ХЈС Работник да се искачиме на првото место на табелата. Во врска со разигрувањето за плејофот секогаш сум оптимист. Ние како екипа како и на секој друг меч, ќе дадеме се од себе и секако се надеваме на поволен резултат, изјави Иван Димитровски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски