Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Бисинов Вардар и Ангели ќе играат во финалето на вардаровиот турнир (ФОТО)
РК Бисинов Вардар и Ангели ќе играат во финалето на вардаровиот турнир (ФОТО)

РК Бисинов Вардар и Ангели ќе играат во финалето на вардаровиот турнир (ФОТО)

Денес на турнирот „Една живот, една љубов“ кој се игра во „Јане Сандански“ во Скопје се играат дуелите за пласман. Утрово се одиграа и полуфиналните мечеви по кои се познати патниците за големото финале. Екипите на Бисинов Bapдар и РК Ангели ќе се борат за пехарот. На „бронза“ ќе атакуваат РК Седмерец и Ѓорче Петров.

0
Во првото полуфинале се одигра динамичен и драматичен дуел кој го реши еден седмерец. Регуларниот дел заврши реми 12-12 па по изведување на пеналите РК Бисинов обезбеди финале, апак РК Седмерец од Охрид ќе игра за бронза. Првиот дел започна со високо водсто на велешани, тие поведоа со 4-1 на почетокот. Момците од Охрид смогнаа сили и успеаа да фатат резултатски приклучок. На одмор се замина со 7-5 за Бисинов.
Во вториот дел со два врзани гола веднаш на почетокот тимот на Седмерец успеа да го направи крајно незвесен, тие изедначија на 7-7. Потоа се играше долго гол за гол, двата тима се менуваа во водството се до крајот. Мечот заврши како што и беше најреално со реми, 12-12.

6

7
Следуваше изведување на пенали, по две серии резултатот и понатака беше реми 2-2. Бисинов погоди за 3-2, Седмерец имаше удар за реми, но голманот Димитар Пецев одбрани и донесе радост за тимот од Велес.

22
Во втората средба се соочија две скопски екипи, РК Ангели Вардар кој победија во средбата со РК Ѓорче Петров. Победата за финале дојде со резултат 16-11. Ангели подобро го отворија дуелот и поведоа со 5-1, некаде на средината на првиот дел. Тимот на Ѓорче успеа да ја намали предноста пред паузата и замина со негатива од три гола на одмор, резултатот беше 7-4.

Ангели повторно фуриозно го отворија и овој дел поведувајќи со 12-7. Со три гола во серија Ѓорче успеа да намали на 12-10 и да внесе неизвесност во мечот. Сепак нивниот ривал го исконтолира мечот и успеа да дојде до победа со резултат 16-11.

28 27 26-2 25 24 23 11 10 8 7 5 4r 4 3 2