Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Вардар 2 го загуби четврфиналниот меч во купот против суперлигашот Радовиш, но не разочараа со својата игра

РК Вардар 2 го загуби четврфиналниот меч во купот против суперлигашот Радовиш, но не разочараа со својата игра

Денес во СРЦ 25-ти мај во Радовиш се одигра натпревар од четвртфиналната група од купот на Македонија, помеѓу екипите на Радовиш и Вардар 2. Поуспешен беше домашниот тим, кој триумфираше со резултат 38:28.

Во најголем дел од првото полувреме се играше израмнето, а ниту една од двете екипи нема поголема предност од два гола. Имавме водство од 2:4, за Радовиш да врати со четири голови во серија и да поведе со 6:4. Младиост состав на Зоран Петковски пружаше силен отпор во овој дел од натпреварот и успева да го израмни резултатот на 6:6. Следува период кога двете екипи прават мини серија од два погодоци. Најпрво екипата на Радовиш зголемува на 8:6, за Вардарци повторно да израмнат на 9:9. Имавме и водство од 9:10, за домашниот тим со серија од 3:0 повторно да ги врати најголемите два гола разлика (12:10). Гледавме навистина променлива игра на двете екипи во овој дел од мечот и тоа со многу погодоци. Вардарци на пет минути пред крај се вратија во предност од 14:15, но до крајот на првиот дел Радовиш успева да го врати водството и на одмор да замине со предност од 18:16.

На стартот на вториот дел, екипата на Радовиш постигна три последователни голови и зголеми на 21:16. Црвено-црните одржуваа резултатска неизвесност до 24:20, кога Радовиш со нова голема серија побегна на убедливи и недостижни 29:20. Набргу стигнаа и до двоцифрена предност од 31:21, по што беше познат победникот на овој четврфинален меч од купот. Конечниот резултат на крајот гласеше 38:28. Крајниот резултат во меч со две различни полувремиња, не кореспондира со вистинските случувања на теренот. Имаше тензични ситуации каде домашниот тим правеше притисок. На стартот на второто полувреме бевме оштетени во неколку ситуации, а искусните домаќини го искористија “подарокот“ и направија недостижна предност.

Убедливо најефикасен во нашиот состав беше Стефан Крстевски кој постигна 10 гола, додека 5 беа дело на Томче Стојановски, додека на голот се истакна Јагош Брауновиќ.