После паузатата поради настапите на сениорската ракометна репрезентација, која успеа да обезбед пласман на Светското Првенство, на програмата се враќаат натпреварите од Плеј-Оф во домашната Супер Лига.
Во рамките на 5.коло, црвено-црните денес гостуваат во Кавадарци кај екипата на ГРК Тиквеш 2014. Натпреварот во салата „Јасмин“ ќе започне од 19:00 часот. Судиската двојка ја сочинуваат Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје, додека делегат ќе биде Камер Металари од Скопје.
Поради одложеното коло со Бутел, Вардар има три одиграни натпревар, на кои забележа две победи и еден пораз, додека денешниот противник после четири одиграни кола има скор од една победа, еден нерешен резултат и два порази.