Утре продолжуваат натпреварите за екипата на РК Вардар 1961 во домашното првенство. На програмата е натпреварот од 10.коло во кое на домашен терен ја пречекуваме екипата на Тиквеш.
После паузата поради ЕХФ неделата, вардарци се враќаат на настапите во домашната лига. После поразот против вториот тим на Еурофарм Пелистер и со тоа губење на првата позиција, утре вардарци имаат за задача да се вратат на победите во лигата. Гостува екипата на Тиквеш која се наоѓа на средината на табелата. Кавадарчани на 9 одиграни натпревари имаат скор од пет победи и четири порази.
Се освен висока победа ќе биде изненадување. Натпреварот кој ќе стартува од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански ќе го судат Методија Илиевски и Михајло Илиевски од Битола, додека делегат ќе биде Љупчо Јаневски од Скопје.