Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар одбраната на титулата ја започнува во Неготино
РК Вардар одбраната на титулата ја започнува во Неготино

РК Вардар одбраната на титулата ја започнува во Неготино

Во сабота (03.09) својот старт ќе го има ракометната машка Супер Лига. Во новата натпреварувачка сезона, Супер Лигата ќе ја сочинуваат 16 екипи, поделени во две групи.

Вардар е дел од групата А, заедно со екипите на МРК Куманово, Струга, Вардар Неготино, Бутел, Охрид, Прилеп и Алкалоид.

Одбраната на титулата, Вардар ја започнува во сабота на гостувањето кај екипата на Вардар Неготино. Натпреварот ќе се одигра во салата „Кирил и Методиј“ во Неготино со почеток од 18:30 часот. За судии се одредени Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје, додека делегат ќе биде Камер Металари.