Екипата на РК Вардар ќе земе учество на јубилејното 50.издание на традиционалниот Струшки турнир.
Познати се веќе седум учесници на турнирот, а осмиот ќе биде познат во наредниов период. Покрај Вардар, од македонските екипи, тука се уште и домаќинот Струга, потоа Еурофарм Пелистер и Алкалоид, додека од странските клубови, учество ќе земат Целје ПЛ, АЕК и Татран Прешов.
Турнирот во Струга ќе се одржи во периодот од 16-20.август.