Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар од денес на подготовки во Маврово
РК Вардар од денес на подготовки во Маврово

РК Вардар од денес на подготовки во Маврово

Тимот на РК Вардар денес заминува во Маврово, каде ќе го одработи главниот дел од подготовките во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Вардар ќе настапи со изменет состав во новата сезона, како засилувања во тимот пристигнаа Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ, Матија Николиќ, Косуке Јасухира, Нилтон Мело и  Ансер Родригез.

Можно, е во Маврово да се одигра и контролен натпревар, а турнирот во Струга ќе биде најсилен тест за вардарци, пред двомечот од квалификациите за пласман во групната фаза на ЕЛ, против екипата на Рајн-Некар.