Во периодот од 24-28 јули, секој фан на Европскиот ракометен шампион, екипата на Вардар, ќе може да се фотографира со трофејот освоен од лигата на шампионите. Клубот организира отворен ден со навивачите, каде секој ќе може да го посети спортскиот центар Јане Сандански и да има фотографија со овој драгоцен трофеј од најголемото ракометно натпреварување.
Освен тоа во понеделник, во салата од 11-12 часот ќе бидат присутни, Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров и Мораес Фереира, со кои исто така ќе можете да направите фотографија и да земете автограм од овие ракометари. Повелете во периодот од 24-28-ми јули од 10-18 часот да се фотографирате со трофејот од лигата на шампионите.