Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рутинска победа за РК Вардар на гостувањето кај екипата на Куманово
Рутинска победа за РК Вардар на гостувањето кај екипата на Куманово

Рутинска победа за РК Вардар на гостувањето кај екипата на Куманово

РК Вардар ја оправда фаворитската улога и вечерва славеше на гостувањето кај екипата на Куманово, со резултат 18:31.

Домашниот тим даваше отпор во првиот дел од натпреварот, но сепак Вардар на полувреме замина со предност од 11:15. Во првите десет минути се играше гол за гол, за избраниците на Недановски да влезат во серија на погодоци и да успеат да се одлепат на солидно водство после истекот на првите 30 минути.

Неизвестност постоеше само во првите три минути од вториот дел, кога Куманово намали на два гола негатива, но Вардар зема залет со серија од 0:6 поведоа со 13:21 и тука веќе беше јасно во каков правец ќе оди натпреварот. Недановски им даде шанса на сите играчи кои беа на располагање. На крајот убедлива победа изразена со резултат 18:31.

Јан Чувара беше најефикасен со 9 голови, додека Куни Моралес постигна 6, а Милан Лазаревски и Филип Талески постигнаа по 4 гола. Ова беше шестта последователна победа во домашното првенство.