РК Вардар ја оствари првата победа во подготвителниот период, откако беше подобар од тимот на Голден Арт. Конечниот резултат гласеше 35:24.
Вардарци имаа целосна контрола на играта и резултатот во текот на целиот натпревар. На полувреме се замина со резултат 18:14, додека во вториот дел константно се зголемуваше водството на црвено-црните.
Најпрецизен во тимот на Вардар беше Милан Лазаревски со 6 гола.
Вардар играше без Марко Мишевски и Стефан Атанасовски.
Вардар се подготвува за турнирот со Струга, кој ќе биде главен тест, пред двомечот со екипата на Рајн -Некар.