Екипата на РК Вардар полека се комплетира и денешниот попладневен тренинг ќе го одработи во поширок состав. Се очекува вечерва на екипата да и се приклучат играчите кои беа дел од светското првенство во Франција, а кои беа елиминирани во осминафиналната рунда. Се работи за Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров, Александер Деревен, Данил Шишкарев како и Бразилецот, Рожерио Мораес Фереира. Познато е дека Вардарци тренираат од 9-ти јануари но само со оние ракометари кои не беа дел од мундијалот. Се очекува до крајот на неделата на екипата да се приклучат и Шпанските репрезентативци, Алекс Душебаев и Жоан Кањелас кои со својата репрезентција загубија во четвртфиналето од Хрватска. Најкасно во Скопје ќе пристигне Лука Циндриќ кој утре го игра полуфиналниот натпревар против Норвешка.
Првиот меч за црвено-црните во новата година е во рамките на СЕХА-лигата, кога на 2-ри февруари во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Нексе, додека во истава сала на 11-ти февруари го дочекуваме Загреб во лигата на шампионите. Најважно е сите ракометари да се здрави и да се вратиме во колосек после настапите на СП.