Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Недановски ќе го наследи Дејвис, Ристовски тренер на голмани
Недановски ќе го наследи Дејвис, Ристовски тренер на голмани

Недановски ќе го наследи Дејвис, Ристовски тренер на голмани

Давид Дејвис нема да биде повеќе тренер на Вардар освен ако не се случи некаков пресврт во ситуацијата,  наследник на Камара ќе биде Владо Недановски. Сепак Михајловски ја остави „отворена“ вратата за Дејвис во случај да го смени мислењето.

„Со Дејвис имавме договор до остане, секогаш сакаше да биде тука ако играме во ЛШ. Имавме се договорено пред да дојде одлуката. Тој ми кажа дека ќе си замине ако не играме во ЛШ. Ние имаме замена тоа е Владо Недановски, човек кој работел со Парондо, Раул, Вујовиќ, Алушовски…Тој ќе биде опција. Ако Давид се предомисли кога ќе види дека играчите останеле, може да дојде и да продолжи во Вардар. Борко Ристовски ќе биде задолжен за голманите во црвено-црниот тим.