Викендов во рамки на 12.коло од машката Супер ракометна лига екипата на РК Вардар Јуниор гостуваше кај скопскиот ривал екипата на РК Пролет 62. Момците на Стојан Петрушевски кој се најмлад колектив во суперлигашката конкуренција забележаа нов пораз, тие беа поразени на овој дуел со резултат 25:21 (13-9).
Нашите момци на почетокот на дуелот водеа со голот на Трпчевски, но се понатаму противникот успеа да го преземе водството и да го има дуелот под контрола. Некаде на средината на првиот дел тимот на РК Пролет поведе со 7:2 и навестуваше дека ќе дојде до нови бодови. На пауза заминавме со негатива од четири гола, на полувремето на семафорот стоеше 13:9 во корист на момците од скопската населба Пролет. Во текот на вториот дел домашните во два наврати имаа и плус 8 позитива. Во втората половина од второт период сепак Вардар Јуниор успеа да ја преполови разликата и натпреварот заврши 25:21. Гледано само резултатски во вторите 30.минути дуелот беше “реми“, односно вториот дел беше 12-12.
Најдобар стрелец во нашиот тим беше Стефан Трпчевски со 10 постигнати гола, а Дејан Кукуловски даде 3 погодоци. Кај РК Пролет, победничкиот тим прва “ударна игла “ беше Ласко Андоновски со 9 голови, а по 4 постигнаа Иван Џонов и Мартин Манасков.