Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го очекуваат четири пеколни меча во ЛШ, распоред и саатници за истите
Вардар го очекуваат четири пеколни меча во ЛШ, распоред и саатници за истите

Вардар го очекуваат четири пеколни меча во ЛШ, распоред и саатници за истите

Ракометниот клуб Вардар по 10.кола во есенскиот дел во елитната ЕХФ Лига на Шампионите на “зимување“ замина како второпласиран. Тешка ќе биде пролетната мисија да се задржи истото место кое носи предност  пред почетокот на 1/8-финалните мечеви. Идниот месец по СП во Германија не очекуваат три меча, а на почетокот од март не очекува последниот дуел дома со шампионот Монпелје.

Играме два домашни дуела во “Јане Сандански“  кои се играат во нашиот веќе стандарден термин од 17-30 часот, а двата гостински дуела се закажани со почетокок во 19-00 часот. Во продолжение термините, саатниците и ривалите за последните четири кола од шампионската лига:

  • 06/02/2019 (19-00ч), Рајн Некар Левен- ВАРДАР
  • 16/02/2019 (17-30ч),  ВАРДАР- Веспрем
  • 23/02/2019 (19-00ч), Кристијанштад- ВАРДАР
  • 02/03/2019 (17-30ч) ВАРДАР- Монпелје