Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар: Акцијата продолжува, со еден билет гледај два натпревари
РК Вардар: Акцијата продолжува, со еден билет гледај два натпревари

РК Вардар: Акцијата продолжува, со еден билет гледај два натпревари

Ракометниот клуб Вардар продолжува со нови позитивни понуди за своите фанови. Повторно за билет за меч во ЕХФ Лигата на Шампионите може да се гледа дуел и до регионалната СЕХА лига. Во информацијата на клубскиот сајт се вели:


Сите што ќе купат билет или веќе имаат купено за натпреварот Вардар – Монпелје од ЕХФ лигата на шампионите ќе можат да присуствуват и на последниот натпревар пред домашна публика сезонава во СЕХА лигата, меѓу Вардар и Мешков.

По одличниот одѕив на акцијата „купи еден билет – гледај два натпревари” кога сите што купија билети за дуелот со Монпелје можеа да го гледаат бесплатно мечот од СЕХА лигата меѓу Вардар и ППД Загреб, македонскиот првак реши да ја продолжи акцијата.

Ни остануваат уште два домашни натпревари во следните неколку денови, еден од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите, и потоа и последениот меч пред домашна публика од Регионалната СЕХА ГАзпром лига.

Сите што ќе купат билет или веќе имаат купено за натпреварот Вардар – Монпелје од ЕХФ лигата на шампионите ќе можат да присуствуват и на последниот натпревар пред домашна публика сезонава во СЕХА лигата, меѓу Вардар и Мешков.

Натпреварот Вардар – Монпелје од ЕХФ лигата на шампионите е закажан за во сабота во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Мечот од СЕХА ГАзпром лигата меѓу Вардар и Мешков Брест е закажан за 5 март (вторник) во 17,15 часот.

Билетарницата во СЦ „Јане Сандански” работи секој работен ден од 10 до 18 часот.
Он лајн може да се купат билети постојано. Доколку купите билети онлајн, тогаш заедно со ваучерот треба да дојдете во билетарницата (може и на денот на самиот натпревар) за да ги подигнете бесплатните билети за натпреварот од СЕХА лигата.

Повеќе детали за продажбата и цените можете да најдете на www.ticketplus.mk

Вардар е веќе пласиран во осминафиналето на ЕХФ лигата на шампионите, а на 2 март во СЦ „Јане Сандански” го играме последниот меч од групната фаза против Монпелје од Франција.

Нашите момци се исто така пласирани и на Ф4 турнирот во СЕХА лигата, а останува да одиграме уште три натпревари по што ќе се знаекој ќе ни биде ривал во полуфиналето на Ф4 турнирот.