Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со фуриозен втор дел триумфираше против Железничар
Вардар со фуриозен втор дел триумфираше против  Железничар

Вардар со фуриозен втор дел триумфираше против Железничар

Вардар вечерва го пречека тимот Железничар на Вујовиќ во рамките на второто коло од новата сезона во СЕХА Газпром лигата. Вардарци по исто сценарио како и против Металург дојдоа до победа. Одигравме прво полувреме во кое ни парираше противникот, ама во вториот дел на перфектен начин дојдовме до бодовите. Ние триумфиравме со резултат 35-20.

Вардар одигра полувреме топло – ладно. Тргна заспано со негатива дури од четири гола, но се разбуди и на пауза замина со предност. По само шест минути игра нашиот тим имаше негатива од 2-3. Веќе во 11. минута гостинот дојде и до предност од максимални плус три, 3:6. Во почетните тринаесетина минути одбраната на Вардар не функционираше, а во нападот само Чупиќ беше расположен за голови. Веќе во 14. минута Железничар дојде и до највисоки плус четири, 5:9. Работите дојдоа на свое место, веќе во 21. минута нашите играчи ја намалија предноста на гостинот, и со серија од неколку погодоци во 21. минута дојдоа до само гол негатива 10-11. По оваа серија, Вујовиќ побара тајм-аут. По минутата одмор, со два гола во серија преку Криштопанс и Калараш, Вардар дојде до егал резултат 11:11. На истекот на 25. минута, со голот на Криштопанс нашиот тим за прв пат дојде до предност на натпреварот, 12:11. Вардар додаде во нова брзина, па на полувреме замина со три голови предност, 14:11.

Вардар во вториот дел почна да ја зголемува постепено предноста. На почетокот отворивме со серија 4-0, па во 35.минута со голот на Карачиќ поведовме со 18-11. Веќе во тој момент најавивме дека проработе црвено-црната машина. Нашите момци покажаа повеќе од распонот на своите квалитети во вториот период.  Во последните 10.минути влеговме со дотогаш најголемата предност од девет гола, на семафорот стоеше резултат 27-18 во корист на црвено-црниот тим. Во последните пет минути влеговме со предност од дури 12 гола, 31-19. Финишот беше чиста формалност ние победивме со високи  35-20.