Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор ќе се враќа на победите в гости кај Пролет
Вардар Јуниор ќе  се враќа на победите в гости кај Пролет

Вардар Јуниор ќе се враќа на победите в гости кај Пролет

Следен предизвик за младиот тим на Вардар Јуниор е гостинскиот дуел кај тимот на РК Пролет 62. Овој скопски дуел е на програмата во рамки на 6.коло од машката ракометна Супер лига.

Натпреварот е закажан за сабота, 20.октомври со почеток во 18 часот и 30 минути. Истиот ќе се игра во салата “Македонско Сонце“. За правдата на оваа средба делегирани се да ја   делат судиите: Николовски Ненад и Исмаил Металари.

Вардар Јуниор досега по пет кола има две победи и вкупно шест бода, нашиот ривал има само една победа, но досега има одиграно четири дуела. Овој натпревар е шанса за младите Вардарци предводени до Стојан Петрушевски да се вратат на победите по двата врзани порази во низа.