Денес во “Јане Сандански” во воведното коло од СЕХА регионалната лига бевме домаќини на Нексе. На овој дуел со хрватскиот ривал не совлада со 24:25.
Вардар одигра лошо прво полувреме во кое константно имаше негатива. Само едно израмнување имаше во првите 30 минути, кога резултатот беше 1:1, за до крајот на полувремето Нексе да има водство од 1-3 гола разлика. Во 11 минута беше 3:6, потоа и во 20 минута истата разлика беше во корист на противникот кога погоди Јагањац за 6:9. До средината на првиот дел на голот беше Ристовски кој имаше само една одбрана, по што го замени Томовски. Немаше подобрувања во играта на Вардар, со оглед дека гостите во 24 минута имаа и највисоки четири голови предност (7:11). Следеше наша мини серија од два погодоци, па така со голот на Георгиевски намаливме на 9:11. Томовски првото полувреме го заврши со три интервенции, но тоа не помогна за Нексе на полувреме да има водство од 11:13.
Нексе имаше можност да го зголеми резултатот, но Томовски одбрани зицер удар, кој го наградува Стоилов со неговиот прв гол за намалување на 12:13. Правиме серија од 4:0 во вториот дел за наше прво водство од 15:13, откако погоди во два наврати нововлезениот Ѓукиќ. Како поведовме, така и бргу дозволивме да ја испуштиме позитивата, со оглед дека Нексе направи серија од 1:3 и поведе со 16:17 во 40 минута. Следеше игра гол за гол на двете страни, а во последните десет минути од натпреварот влеговме со нерешени 21:21. На 4.минути до крај Камата го побара последниот тајм-аут, бркав е негатива од еден гол, беше 23:24. Немавме концентрација во финишот и бевме поразени со 24:25.
Томовски имаше 6 одбрани, Тимур Дибиров беше прв стелец на овој натпревар од првото коло со 5 гола.