Екипата на РК Вардар 2 овој викенд во Спортско рекреативниот центар “Кале“ ќе ги одигра натпреварите од осминафиналето за купот на земјава . Младите ракометари кои се натпреваруваат во Прва лига која е втора по квалитет ракометна конкуренција во Македонија за противник во својата 1/8-финална група прво ќе го имаат тимот на РК Куманово. Доколку остварат триумф младите црвено-црни момчиња предводени од Стојан Петрушевски ќе се пласираат во финалето каде ќе вкрстат со екипата на ГРК Гостивар. Единствено првопласираната екипа ќе се избори за место во 1/4- финалето каде можни противници се сите суперлигаши екипи и двете екипи кој поради настапот во СЕХА регионалната лига се приклучуваат дури во плеј-офот првиот тим на Рк Вардар и екипата на РК Макс Струмица.
Мечевите на Вардар 2 се закажани за следните термини :
II Група – Скопје
ВАРДАР 2 – КУМАНОВО
Скопје, 06.03.2016 год.(недела) – 11:0 часот – Сала: СРЦ Кале
Судии: Христовски Војо – Мајнов Бобан / Скопје
Дел-контролор: Мирчески Лери / Скопје
ГРК ГОСТИВАР – ВАРДАР 2/КУМАНОВО (Финале)
Скопје, 06.03.2016 год.(недела) – 17:00 часот – Сала: СРЦ Кале
Судии: Металари Исмаил – Николовски Ненад / Скопје
Дел-контролор: Реџепи Мамер / Скопје