Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор утре го пречекува РК Прилеп во дуел од плеј-аутот
Вардар Јуниор утре го пречекува РК Прилеп во дуел од плеј-аутот

Вардар Јуниор утре го пречекува РК Прилеп во дуел од плеј-аутот

Викендов на програмата во плеј-аут сегментот од машката Супер лига на програмата е 3.коло, во истото Вардар Јуниор ќе одигра меч на домашен терен. Момците на Стојан Петрушевски,младите вардарци ќе ја пречекаат екипата на РК Прилеп 2010. 

Дуелот е закажан за утре, недела, 15.април со почеток во  12 часот и 30 минути во спортско рекреативниот центар “Кале“ -Скопје. Прилепчани се само на бод предност (со дуел повеќе)  пред нашите момци кои се на последната позиција токму со победа во овој дуел ние би избиле пред нив. Вардарци во 1.коло беа поразени в гости кај РК Радовиш, а во второто коло од плеј-аутот беа слободни, па овој дуел е шанса за првите бодови во оваа  последна етапа од првенството.