Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Русија минимално загуби од Чешка, играчите на Вардар најефикасни во составот кој го предводи Кокшаров
Русија минимално загуби од Чешка, играчите на Вардар најефикасни во составот кој го предводи Кокшаров

Русија минимално загуби од Чешка, играчите на Вардар најефикасни во составот кој го предводи Кокшаров

Репрезентацијата на Русија за која настапија ракометари на Вардар, го загубија првиот натпревар, во рамките на квалификациите за пласман на СП. Иако на полувреме имаа предност од пет голови, сепак на крајот домашната селекција на Чешка успеа да слави со резултат 27:26.

Првиот гол на натпреварот го постигнаа чесите, но следеше одговор на Русија, која успеа да постигне шест голови во серија и да поведе со 1:6 и уште на стартот од мечот резултатски да се одлепи. Одлично играа избраниците на Кокшаров во овој дел од натпреварот, кога имаа и највисоки седум голови разлика (4:11). Во следните пет минути, домашната репрезентација успеа да направи серија од 4:0 и да намали на 8:11, со што успеа да воспостави некаква резултатска рамнотежа на теренот. Беше и 10:13, за до крајот на првиот дел, селекцијата на Русија повторно да се одлепи и на одмор да замине со солидна предност од пет голови разлика (12:17).

Во второто полувреме видовме подобра игра на Чешка, која успеа до 40 минута, за прв пат на овој дуел да го израмни резултатот на 19:19, откако направи серија од 5:1. Во следните пет минути се играше гол за гол, а Русија повторно успеава да се одлепи резултатски и во два наврати да има предност од три голови разлика. Има за што да жалат играчите на Русија, со оглед дека во завршните минути влегоа со водство од 24:26. Сепак поради неефикасноста во последните напади, чесите успеаа да постигнат три голови во серија и на крајот да слават со конечен резултат од 27:26.

Најефикасен кај Русија, беше десното крило на Вардар, Данил Шишкарев кој постигна пет голови, додека втор стрелец беше новото засилување на црвено-црните, се работи за Дмитри Киселев кој додаде 4 голови. Тимур Дибиров и Сергеј Горбок го завршија натпреварот со два гола. Реванш натпреварот се игра во вторник, а на Русија ќе и биде потребна победа од два гола разлика, доколку сака пласман на СП.