Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Судиска двојка од Русија ќе го суди Л.Ш дуелот Вардар-Кристијанштад
Судиска двојка од Русија ќе го суди Л.Ш дуелот Вардар-Кристијанштад

Судиска двојка од Русија ќе го суди Л.Ш дуелот Вардар-Кристијанштад

Европската ракометна федерација за мечот од ЕХФ лигата на шампионите во сабота помеѓу нашиот миленик РК Вардар и  ИФК Кристијанштад делегираше руска судиска двојка. Мечот ќе го судат русите Петр Плотников и Андреј Кавашников.

На мечот за ЕХФ-делегат е делегиран  Антон Ван Донген кој доаѓа од Холандија. Мечот е закажан за  сабота (20 февруари) , во 17:30 часот. Првиот меч со овој противник во гости кој се играше на 4-ти октомври го добивме, на тој дуел конечниот резултат гласеше 25:30. Вардарци овој меч го дочекуваат на петтата позиција во групата со освоени 12 бода. Нашиот противник се наоѓа 7 позиција со 5 освоени бода, од кој последниот бод беше изненадувачки освоен на домашен терен во Шведска кога ремизираа со екипата на Киелце.