Sвездата на ПСЖ, Никола Карабатиќ пред завршниот турнир во Келн говореше за екипите кои оваа година можат да изненадат. Секако тука мислеше на Вардар кој е дебитант на едно големо натпреварување. Карабатиќ кажа само пофални зборови за нашиот тим. Ви пренесуваме дел од изјавата на Карабатиќ:
“Како и секоја година така и оваа, неможе да му се даде фаворитската улога на никому. Секој има свој шанси да победи во Келн. Вардар е еден интересен тим кој расте од година во година, видовме дека новајлиите многу често знаат да изненадат и да го освојат трофејот” – изјави Карабатиќ.