Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Самсоненко: Златото и го посветувам на цела Македонија
Самсоненко: Златото и го посветувам на цела Македонија

Самсоненко: Златото и го посветувам на цела Македонија

Човекот кој е најзаслужен за оваа голема радост, човекот кој го донесе Вардар да биде шампион на Европа, е секако господинот Сергеј Самсоненко. Сите заслуги одат на негова сметка, кој по преземањето на клубот направи многу за Вардар. После победата против ПСЖ и освоената европска титула, Самсонеко во изјава за “Македонски спорт“ рече дека златото и го посветува на Македонија.

-Никогаш не сум бил толку среќен. Ова е чудо, ова е историја и преголем успех за сите нас во Вардар. Златото и го посветувам на цела Македонија. Радувајте се со нас. Сите ние сме една голема фамилија. Не можам да го опишам чувството. Никогаш не сум бил толку среќен, толку радосен. Ова е круна на добрата работа на сите во Вардар. Радувајте се со нас, а и ние со сите вас. Ова е голема победа, заедничка победа. Се радувам и поради тоа што народот во Македонија слави и е на улиците да се радува на нашата победа…, коментира Сергеј Самсоненко од Келн по големиот подвиг на неговите ракометари.

Самсоненко на кратко го прокоментира и последниот гол на Иван Чупиќ, вреден трофеј.

-Тоа е гол што вечно ќе го паметиме сите. Ги заслуживме оваа победа и ова злато. Момците на двата меча одиграа со срце. Така се гине за клупските бои. Сега, откако се се заврши, може сите заедно да славиме