Вардар треба да одработи уште три натпревари до крајот на сезоната за да стигне до нова Шампионска титула во домашното првенство.
Црвено-црните треба да добијат уште три противници и на тој начин да завршат на првото место. Иако после 11 одиграни кола имаме еднаков број на освоени бодови со екипата на Еурофарм Пелистер, сепак поради подобриот меѓусебен дуел, Вардар ќе биде тимот кој ќе го подигне трофејот.
Во следното 12.коло сме домаќини на тимот на Струга, натпревар на кој не треба да имаме никакви проблеми околу обезбедување на победата. Во претпоследното коло гостуваме кај екипата на Пролет која се бори за пласман во Лигата на Европа, додека во последното 14 коло во С.Ц. Јане Сандански го пречекуваме тимот на Металург.
Вардар на сите три дуели е фаворит за освојување на бодови, секако треба максимално да ги одработиме овие три дуели и да не дозволиме некаква неизвесност, како што беше на претходниот натпревар против екипата на Бутел, кога противникот до последните минути одржуваше резултатска неизвесност.