Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан и Карачиќ ги надминаа повредите, наскоро се очекува нов голман

Борозан и Карачиќ ги надминаа повредите, наскоро се очекува нов голман

Ракометарите на Вардар летните подготовки ги минаа  со голем број повредени играчи во ростерот. Сепак пристигнуваат добри вести од црвено-црниот табор,   ситуацијата се подобрува како одминува времето.

Според информации од кормиларот на вардарци веќе на утрешниот меч против Железничар во СЕХА лигата во ростерот ќе вратат Вуко Борозан и Игор Карачиќ. Тоа ќе биде големо засилување за нашиот тим, бидејќи двајцата се клучни играчи на своите позиции. Дејан Милосављев  уште малку ќе мора сам да се справува со предизвиците, вардарци трагаа по голман, но сеуште нема ништо дефинирано.