Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Старт каков што посакувавме, седум победи од исто толку натпревари за РК Вардар во новата сезона
Старт каков што посакувавме, седум победи од исто толку натпревари за РК Вардар во новата сезона

Старт каков што посакувавме, седум победи од исто толку натпревари за РК Вардар во новата сезона

РК Вардар има перфектен старт на новата натпреварувачка сезона, каде од седум одиграни натпревари забележа исто толку победи. Актуелниот освојувач на четири трофеи, продолжува со добри игри и во новата сезона. Во СЕХА-лигата забележавме најмногу победи, вкупно четири од кои три беа пред домашната публика и една на гостински терен. Беа совладани екипите на Горење, Брест Мешков и Татран пред својата публика, додека на гостински терен го победивме тимот на Металург.

Вардар стана и првиот освојувач на супер купот во историјата на Македонскиот ракомет, совладувајќи ја екипата на Еурофарм Работник и освојувајќи го на тој начин и првиот трофеј во новата сезона. Две победи и на стартот во лигата на шампионите и тоа во најсилната група А. Одбраната на Европската титула започна во Полска, на натпревар против екипата на Висла Плок, на кој триумфиравме со четири голови разлика, а до истава предност на домашен терен пред својата публика го совладавме тимот на Нант, за кој настапува Кирил Лазаров.

Одличен почеток на сезоната, во која Вардар најави дека ќе оди на одбрана на сите четири трофеи, иако тоа нема да биде ни најмалку лесно, со оглед дека секој сака да го прикаже најдоброто, токму во дуелите со шампионот и ќе сака да го победи. Следен натпревар за Вардар е во лигата на шампионите е на први октомври кога во С.Ц. Јане Сандански ќе ја пречекаме екипата на ППД Загреб.