Владата на својата најнова седница донесе промени во протоколот за организирање на настани во затворен простор и наместо 30% кои беа досега, ќе дозволи 50% од капацитетот да има посетители.
„На предлог на Комисијата за заразни болести Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор (театри, кина, филхармонија и други) со кои наместо досегашниот дозволен процент на исполнетост на салите за организирање настан во овие простори до 30%, се зголемува со присуство на публика до 50% од капацитетот на салата“, се вели во соопштението од Владата.
Сега посетителите ќе мораат да бидат вакцинирани со две дози, наместо со една – како што беше досега.