Вардар е најтрофејниот тим во СЕХА-лигата со вкупно пет освоени трофеи, а данскиот ракометар Рсмус Бојсен направи избор на најдобриот тим во историјата на ова натпреварување.
Во идеалниот тим доминираат поранешни и моментални играчи на црвено-црните. Од играчите кои и во новата сезона ќе бидат дел од составот на Вардар, во најдобриот тим се најдоа Стојанче Стоилов и Тимур Дибиров, додека од екс-вардарците тука се и Илија Абутовиќ, Арпад Штербик и Данис Кристопанс.
За најдобар тренер е избран Раул Гонзалез, кој успеа со Вардар да освои три трофеи во СЕХА-лигата.