РК Вардар во последните денови од оваа година игра постојано мечеви со силни тимови, имаме згуснат распоред во регионалната СЕХА Гаспром лига. Така денеска избраниците на Раул Гонзалес ќе го одиграат претпоследниот натпревар во годината. Вардарци денес гостуваат во Хрватска, кај екипата на нивниот ракометен машки шампион ППД Загреб. Натпреварот ќе биде дури 18-ти меѓусебен дуел.
Вардарци во досегашните средби имаат две победи повеќе на своето конто.Сезонава се сретнавме двапати во СЕХА регионалната лига на домашен терен победивме 32:31, а пак во меч од Л.Ш во Загреб домаќините триумфираа со 28:27. Денес мечот се игра со почеток во 17-00 часот и од истиот љубителите на ракометот и навивачите на црвено-црните ќе може да проследат директен пренос на државната телевизија. Македонската радио и телевизија мечот ќе го пренесува на првиот програмски канал.