Кадетската ракометна репрезентација денес го има својот прв собир, во склоп на подготовките за ЕХФ шампионатот претстојното лето. Оваа селекција е предводена од поранешниот репрезентативен голман, Данило Брестовац, кој повика 18 ракометари, од кои 5 доаѓаат од ракометниот клуб Вардар.
Се работи за Андреј Петковски, Игор Ѓорѓиев, Мартин Карапалевски, Ален Ќосевски, Васе Наков и Кристијан Анѓелковски. Според програмата, кадетите на Македонија ќе одиграат два контролни натпревари со соодветната селекција на Унгарија и еден против Јужна Кореја. Исто така ќе бидат дел од турнир во Романија, каде ќе играат против домаќинот, како и селекциите на Холандија и Италија.
ЕХФ шампионатот е предвиден да се одигра во месец август, во Грузија ( Тбилиси). Како што напоменавме првиот собир е закажан за денес во салата во населбата Автокоманда, со почеток од 16:00 часот.