Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шеваљевиќ во составот на Црна Гора за решавачките натпревари за пласман на ЕП
Шеваљевиќ во составот на Црна Гора за решавачките натпревари за пласман на ЕП

Шеваљевиќ во составот на Црна Гора за решавачките натпревари за пласман на ЕП

Селекторот на Црна Гора, Зоран Рогановиќ го објави списокот на 18. ракометари на кои ќе смета за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2022 година.

На списокот место имаше за играчот на Вардар, се работи за Васко Шеваљевиќ. Во наредниот период, Црна Гора ја очекуваат три важни натпревари за пласман на ЕП. Најпрво на 28.април гостуваат во Приштина кај селекцијата на Косово. На 20.април домаќини се на селекцијата на Шведска, додека на 2.мај го играат последниот дуел против репрезентацијата на Романија.