РК Вардар ќе огранизира за првпат годинава , а се надеваме ќе прерасне во традиционален силен меѓународен ракометен турнир . Истиот ќе се одигра во месец август во Спортскиот Центар Јане Сандански ова натпреварување ќе биде наречено- “Вардар Турнир“ .
Годинава првото издание ќе се одржи од 24ти до 27ми Август. На него ќе има шест учесници поделени во две групи по три тима . На овој меѓународен турнир ќе земат учество : Шампионите на Шведска- Кристијанстад , Словенија- Целје, Русија -Чеховски Медведи, скопскиот и Македонскиот ривал РК Металург и како шести учесник е А-репрезентацијата на Саудиска Арабија.
По мечевите во групата која ќе биде од по три учесника првопласираните ќе играт за освојување на првото место, вторите за пласман на 3-4 место и последно пласираните ќе се борат кој од нив ќе ја заземе претпоследната позиција на истиот .