Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Камил Сипжак е поврзуван со трансфер во Вардар, дали црвено-црните ќе имаат нов пикер од следната сезона
Камил Сипжак е поврзуван со трансфер во Вардар, дали црвено-црните ќе имаат нов пикер од следната сезона

Камил Сипжак е поврзуван со трансфер во Вардар, дали црвено-црните ќе имаат нов пикер од следната сезона

Полскиот репрезентативен пикер, Камил Сипжак се поврзува со трансфер во редовите на Вардар.

Во изјава за полските медиуми, Сипжак изјавил дека има понуди од Германија, Франција, но и од Македонија. Полјакот моментално настапува за екипата на Барселона, но малата минутажа што ја добива од тренерот Чави Пасквал е причина за да си бара нов клуб за следната натпреварувачка сезона.

„Имам понуди од Франција, Германија, но и од Македонија. Јас сум гладен за играње, а не за ловорики. Така да, размислувам уште, а главна улога ќе има тоа каде ќе играм повеќе. Пред да се решам, тоа ќе биде главната причина за да го изберам новиот клуб, изјавил Сипжак.

Вардар оваа сезона има три пикери, Стоилов, Фереира и Калараш. Бразилецот има понуди од неколку други екипи, а на Вардар е да одлучи дали ќе го задржи, или ќе му даде можност да си бара нова средина. Секако со евентуален трансфер на Сипжак би добиле многу во нападот, но и цврстина во одбраната, тоа е играч кој може да одговори на задачите во двата правци.