Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Сипжак: Тешко е да се смести топката во голот на Штербик, особено ако има свој ден
Сипжак: Тешко е да се смести топката во голот на Штербик, особено ако има свој ден

Сипжак: Тешко е да се смести топката во голот на Штербик, особено ако има свој ден

Вардар и Барселона ќе играат во полуфиналето на завршниот турнир во Келн, на 3-ти јуни и ќе се борат за големото финале во лигата на шампиони. Двете екипи имаат свои адути, преку кои ќе ја бараат шансата за победа и пласманот во големото финале. Пикерот на Барселона, Камил Сипжак во пресрет на полуфиналето со Вардар даде кратка анализа за играта на црвено-црните и што го очекува неговиот тим во полуфиналето.

-За мене ова е прво учество на Фајнл-форот. Против Вардар не очекува добар натпревар. Начинот на кој го победија Флензбург во четврт-финалето ме импресионираше, така што тие немаат ништо да изгубат. Лука Циндриќ е нивниот главен лидер, тој е креатор на нивната игра. Имаат добри бекови како Борозан и Душебаев. Од моја гледна точка, тие имаат интересни играчи на клупата – два гиганти како мене и еден малку помал од мене, но тие се користат на малку поинаков начин.

Репрезентативецот на Полска имаше пофални зборови за Арпад Штербик, за кој вели дека е многу тешко да се совлада.

-Се разбира, тука е голманот – тешко е да се смести топката помеѓу него и диреците, особено ако има свој ден. Се надеваме дека во саботата на 3-ти јуни, нема да биде негов ден, рече пикерот на Барселона, Камил Сипжак.