Роберто Гарсија Парондо е стратегот со кој Вардар во 2019 година по втор пат ја покори ракометна Европа. Шпанскиот стратег со својата смиреност и ракометното знаење ја воодушеви спортската јавност кај нас и како тоа успеа за краток период да направи голем успех со ,,црвено – црните”. Но, за жал исто како и Раул Гонзалез, Парондо прерано си замина од редовите на Вардар.
Во овој момент РК Вардар 1961 сеуште нема назначено стратег за следната сезона, па така во ракометната јавност кај нас се појуваат низа на имиња за наследник на Стевче Алушовски. Неодамна се појави и името токму на Роберто Гарсија Парондо кој во овој момент е само желба на вардарци. Парондо има договор со Египет за уште една година, па тука сите дилеми за кам-бек пропаѓаат во вода.. така барем велат информациите во овој момент.
Парондо несомнено го сака Вардар, а за тоа најдобро говорат податоците што на репрезентативците на Египет им препорачува да дојдат во Скопје и во редовите на ,,црвено – црните”. Засега египетскиот репрезентативен голман Мохамед Есам Ел-Тајар треба да биде нов чувар на мрежата на тимот, а во игра се уште неколку потенцијални засилувања.