Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > (ВИДЕО) Скандалозно! РФМ каде ви е “селекторот„? Вардар му пречи, па Брестовац реагира недолично на суперлигашки судии поради ремито на Вардар во Автокомада
(ВИДЕО) Скандалозно! РФМ каде ви е “селекторот„? Вардар му пречи, па Брестовац реагира недолично на суперлигашки судии поради ремито на Вардар во Автокомада

(ВИДЕО) Скандалозно! РФМ каде ви е “селекторот„? Вардар му пречи, па Брестовац реагира недолично на суперлигашки судии поради ремито на Вардар во Автокомада

Во саботата во салата “Автокоманда“ се одигра кадетскиот дуел помеѓу домаќинот Металург и лидерот на табелата РК Вардар. Мечот типичен за дерби натпревар, изобилуваше со многу борба, но коректен од двете страни и завршува нерешено, 26-26.

Домаќините го прифаќаат фактот што неможат да го изненадат црвено-црниот тим кој веќе беше пласиран на Ф-4 турнирот. Веднаш по крајот на дуелот се случува она незамисливото (видео на крајот од тексот), човекот кој моментално е селектор на А-селекција и на сите машки репрезентации во земјава го следи  мечот како гледач, тој моментално единствен професонален ангажман му е тој во ракометната федерација на Македонија.

Сепак прави нешто во најмала рака скандалозно, неспортски и необјасниво, нешто што не си го дозволуваат спортските професионалци и вработените во домашниот тим. Тоа е фактот што неможат да го совладаат Вардар по 4 пат сезонава. Брестовац доаѓа на теренот и реагира жестоко и навредливо кон судиите, не станува збор за било кој туку судии,  оваа двојка  суди во сениорската Супер лига, станува збор за  Колевски Ѓоко и Кркачев Сашо. Причината е тоа што искусната судиска двојка следејќи ги ракометните правила досудува пенал за Вардар со кои натпреварот заврши без победник.

Прашање до првиот човек на РФМ, г-н Мукаетов дали сте  информиран за однесувањето на селекторот, дали она што Вардар му пречи на г-н кој ја има улогата да го избира најдоброто од мак.ракометот е став и на федерацијата. До кога ќе се толерираат вакви “каубојски“ испади на поединци кој имаат професионален ангажман во “куќата на ракометот“ и тоа на највисоките функции во спортскиот дел.

Селекторе, ова е ваш срам, ВАРДАР Е МАКЕДОНСКА РАКОМЕТНА ГОРДОСТ и како само се осудувате да реагирате на еминентни судии кои одсудеа на ниво, само затоа што Вардар повторно не беше совладан, во сезоната во која доминира во својата група. Вие селекторе немавте никаква улога на овој дуел, освен како гледач и каков пример им давате на дузината идни репрезенативци од Металург и Вардар кои останаа вџашени од вашето “уличарско“ однесување во Автокоманда.

Останува едно прашање да лебди во воздух, како Вардар тимот кој е гордост на македонскиот ракомет, тимот кој ја покори Европа, тимот кој повторно е на Ф-4 во ЛШ му е “трн во око“ на човекот кој е селектор во токму тој спорт каде црвено-црните се балканска гордост. Вардар неретко е причина за неговите испади, но ова овој пат ги мина границите на вкусот и културата. Вардар е име кој треба да го почитуваат сите кои се бават со ракометната игра, камо ли човекот кој е одговорен за сите црвено-жолти селекции во машка конкуренција. Црвено-црниот тим е голем и ќе остане најголем, сепак ваквите испади на “Селекторот“ против БРЕНДОТ Бр.1 во ракометната игра се недолични, големината на Вардар треба да се почитува …е драг наш селекторе..